Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, утре (24.2.2026 година) со почеток во 18 часот ќе одржи јавна дебата во Штип, посветена на новиот Предлог-закон за високо образование.
Дебатата ќе се одржи во салата за Сенат во Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев“, а на настанот се поканети сите засегнати страни – академскиот кадар, студентите, претставници на институции, како и пошироката јавност.
Настанот претставува можност за отворена и директна дискусија за реформите што се предвидуваат во високото образование, како и за размена на ставови и предлози во насока на унапредување на законските решенија.
Единствениот начин да се дојде до квалитетно и одржливо законско решение е преку транспарентен и инклузивен процес. Во таа насока, Министерството за образование и наука и Универзитетот „Гоце Делчев“ ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и активно да се вклучат во јавната дебата.



