Во рамки на XXV Недела на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет во Штип ќе организира настан со наслов „Смеa преку граници: читање и преведување на Стефано Бени. Омаж за Стефано Бени и неговото творештво“. Настанот ќе вклучува разговори, читање и дискусија за препознатливиот хумор на Стефано Бени и предизвиците во преведувањето на хуморот. Ќе се обратат Живко Грозданоски, писател и претседател на Друштво на писателите на Македонија и Јована Караникиќ-Јосимовска, професорка по италијанска книжевност на Филолошки факултет – УГД.
28.10.2025, 12 часот, Тренинг центар на УГД.

				

