Search

Виртуелно кафе на тема „Вработливост и развој на кариерата во Европа“

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како дел од европската алијанса ACE²-EU, ги поканува студентите да учествуваат на следната сесија на ACE Virtual Coffee, посветена на темата „Вработливост и развој на кариерата во Европа“.

Настанот ќе се одржи на 5 ноември 2025 година во 12 часот и ќе биде во хибриден формат, со физичко присуство на Универзитетот „Франциско де Виторија“ (UFV) во Шпанија и онлајн приклучување за студентите од сите партнер-универзитети.

Во рамки на оваа виртуелна средба, тимовите од канцелариите за кариера на сите ACE²-EU универзитети ќе споделат практични совети и искуства за тоа како студентите полесно да се снајдат на пазарот на трудот во различни европски земји.

Што може да се очекува:

  • Кратки презентации од секој универзитет со совети, добри практики и културолошки особености при барање работа;
  • Интерактивна Q&A сесија, каде што студентите ќе можат да поставуваат прашања преку QR код;
  • 30-минутна панел-дискусија за размена на перспективи и одговори на прашања од студентите.

 

Околу 50 студенти од UFV (Шпанија) ќе присуствуваат на местото на настанот, а сите останати студенти од ACE²-EU партнерите, меѓу кои и од УГД, можат да се приклучат онлајн.

Настанот е одлична можност за сите кои сакаат да ја изградат својата кариера во европски контекст и да стекнат увид во различните практики за вработување низ континентот.

Линк за учество:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_OGIyYjljOWYtNTBjZC00MWY3LTljMjAtYTJjMmZjMjM1ODFm%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%225818c103-b4ff-4ab6-8c05-dc2fb6993bc0%22%2c%22Oid%22%3a%2296814b77-4776-47a7-931c-f8e50797c439%22%7d