Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со СТАРТАП КЛУБ Скопје, те поканува на стартап настанот што ќе се одржи на:
📅 11.11.2025 (вторник)
⏰ 11:00 часот
📍 Мултимедијален центар, Економски факултет – Штип
На настанот ќе бидат претставени:
✅ Националниот стартап и иновациски еко-систем
✅ Инкубаторската програма на СТАРТАП КЛУБ Скопје
✅ Претставување на StartupRevolution.ai Summit — најголемиот регионален настан за стартапи и АИ
✅ Можности за студентите да започнат сопствен бизнис
🎯 Инвестициска шанса од 100.000 €
Нашите партнери Zephyr Angels обезбедуваат фонд од 100.000 евра за најперспективните тимови кои ќе бидат примени во инкубаторската програма.
🚀 30 најдобри стартап идеи ќе бидат селектирани да учествуваат на StartupRevolution.ai Summit, каде ќе пичуваат пред инвеститори и ќе се борат за влез во инкубаторската програма.
🎟️ Бонус!
На самиот настан на 11.11 ќе доделиме бесплатни влезници за StartupRevolution.ai Summit (27–30 ноември, Скопје) на неколку учесници кои ќе присуствуваат.

