Search

Изложба на уметнички фотографии на м-р Стојанче Величковски на ФОН

Споделете

Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 24 ноември 2025 година (понеделник), во 12 часот, ќе биде домаќин на изложбата на уметнички фотографии на м-р Стојанче Величковски. Настанот ќе се одржи во холот на Факултетот, а изложбата ќе ја отвори проф. д-р Зоран Здравев, кој ќе говори за авторот и за неговото творештво.

По отворањето, во свечената сала на ФОН, Величковски ќе одржи кратко предавање посветено на фотографската уметност и неговите дела. Настанот е од јавен карактер и е наменет за студентите и сите заинтересирани посетители.