Одбојкарскиот клуб „Штип УГД“ за првпат ќе настапи на европска сцена, во натпреварот од Challenge Cup.
Историскиот настап е закажан за 19 ноември 2025 година, во 19 часот, во Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.
Клубот со посебна чест и задоволство ја упати поканата до сите поддржувачи да бидат сведоци на овој значаен настан. „Штип УГД“ ќе се сретне со ОК „Кол Ил“ во еден од најпрестижните европски одбојкарски турнири.
Ова е голем чекор за клубот и за македонската одбојка, кој го става Штип на европската спортска мапа.


