Search

Проф. д-р Цацков и проф. д-р Николовска ја отвораат изложбата „Јас, историјата“ со предмети од македонското секојдневие

Споделете

Во НУ Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип на 19 ноември 2025 година, со почеток во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Јас, историјата“, која претставува избор на предмети од македонското секојдневие во периодот од 1900 до 1990 година.

Изложбата, конципирана како микроисториски приказ на минатото, е дело на проф. д-р Оливер Цацков од Факултетот за образовни науки при УГД и д-р Анита Илиева-Николовска од Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ при МАНУ.

Настанот е отворен за јавноста, а организаторите ги покануваат сите љубители на историјата и културата да присуствуваат на отворањето.