Со голема чест и задоволство ве покануваме на настанот „Shtip Fashion Days 2025“ во организација на Општина Штип, каде што Технолошко-технички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува со две модни ревии.
- Модна ревија на тема „Sculpta“ – Уметност на формата, под менторство на вонр. проф. д-р Сања Ристески и
 - Модна ревија на тема „Галаксија“, под менторство на ред. проф. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска.
 
Настанот ќе се одржи на 10.10.2025 година (петок), со почеток во 21:15 часот.
Локацијата на настанот може да ја видите со скенирање на кодот даден во прикачената покана.
Ве очекуваме!

				

