Search

УГД го одбележува Денот на науката

Споделете

По повод меѓународниот Ден на науката, 10 ноември, Универзитетот „Гоце Делчев“ организира настан за негово одбележување. На Денот на науката, Универзитетот ќе додели признанија и награди за најзначајните научници и научни достигнувања од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетот годинава ќе го додели признанието за најдобар научник за 2024 година.

Настанот ќе се одржи во Ректоратот на УГД (свечена сала) во понеделник 11.11.2024 година, со почеток од 10.30 часот.