Државниот завод за статистика (ДЗС), во соработка со Министерството за дигитални трансформации (МДТ), воведува нов систем за онлајн прибирање на податоците за студентите преку образецот ВОИ-20. Од оваа учебна година студентите можат да го пополнат образецот преку Националниот портал за е-услуги на следниов линк: До услугата може да се пристапи директно на линкот: https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-zapishani-studenti-na-dodiplomski-studii-na-fakultetite-i-visokite-struchni-shkoli-voi-5793 или со скенирање на QR-кодот:
Со активен кориснички профил секој студент ќе добие два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС: генериран образец и потврда за успешно доставен образец. Овие документи се должни да се достават електронски или лично до факултетите.
Хартиен образец ќе може да се користи исклучиво од страна на студентите кои немаат активен профил на порталот или не можат да се најават на истиот.
По завршувањето на уписот во зимскиот семестар, факултетите и високите стручни школи ќе бидат обврзани до ДЗС да достават табеларен преглед на студентите со основните податоци, најдоцна до 30 октомври 2025 година.
Со овој нов начин на прибирање на податоците се очекува зголемена ефикасност, навременост и веродостојност на информациите.