Search
|     contact@ugd.edu.mk

Проф. д-р Дејан Мираковски реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“

Споделете

Проф. д-р Дејан Мираковски, редовен професор на Факултетот за природни и технички науки, повторно е избран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Одлуката ја донесе Универзитетската изборна комисија врз основа на сумираните резултати од гласањето на наставно-научните и уметничките совети на единиците при Универзитетот. Со ова, проф. д-р Мираковски ќе ја продолжи својата функција како прв човек на Универзитетот во нов тригодишен мандат, кој ќе започне на 15 септември 2025 година и ќе трае до 14 септември 2028 година.

Проф. д-р Дејан Мираковски има значајна улога во развојот и интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, а неговиот реизбор претставува поддршка за досегашните постигнувања и визијата за идниот развој на институцијата.

„Најпрвин би сакал да се заблагодарам за довербата на целата академска заедница на УГД, на колегите професори и на нашите студенти за поддршката која ми доделија. Ова е чест, но и должност да продолжиме на начинот на кој работевме. Во изминатите три години дадовме нова динамика на Универзитетот. УГД стана поинклузивна и поотворена институција и многу повеќе поврзана со институциите на локално и на државно ниво. Успеавме да постигнеме значаен напредокот во подобрување на условите за научно истражување, подобри услови за студирање, поддршка на студентите и за мене лично еден од најважните проекти е поврзувањето на нашиот универзитет како рамноправен член во универзитетската алијанса ACE2EU“, изјави меѓу другото ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Универзитетската изборна комисија ја сочинуваа:

  • проф. д-р Деjан Маролов – претседател;
  • проф. д-р Елена Максимова – член;
  • проф. д-р Горанчо Ангелов – член;
  • проф. д-р Викторија Максимова – член;
  • проф. д-р Билјана Златановска – член;
  • проф. д-р Деjан Крстев – член;
  • студент Антонио Василев – член.