Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Проф. д-р Џузепе Каталди од Универзитетот во Неапол промовиран во почесен професор на УГД

Споделете

Проф. д-р Џузепе Kаталди од Универзитетот „Ориентале“ во Неапол, Италија, денес беше промовиран во почесен професор на УГД. Тој е професор по меѓународно право, а како што рече проректорката проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, ова е првпат во историјата на Правен факултет да се доделува ваква титула.

            – Професорот Каталди е познат и истакнат правник по меѓународно право во Италија, носител на Катедрата за меѓународно право на Универзитетот во Неапол и долгогодишен пријател на Универзитетот „Гоце Делчев“. Направил многу во неговата досегашна кариера за да ги промовира нашите меѓусебни односи и се разбира да го промовира УГД на меѓународната сцена. Бил консултант на Европската комисија, но морам да напомнам дека е и основач на Меѓународната асоцијација за правото на морето и нејзин претседател – рече проф. д-р Никодиновска-Крстевска.

 

За мене ова, практично, претставува големо признание и сум почестен што ми се доделува оваа титула на почесен професор. Ова е потврда за нашите досегашни односи и соработката помеѓу двата универзитети. Особено ми е драго што присуствувам тука, што сум дел од овој процес и сум дојден во Република Македонија. Оваа држава не е само историски референтна точка во смисла во минатото, особено во рамките на меѓународното право, од најразлични причини, меѓутоа сега претставува и е пример за успешна интеграција, за една држава која успеала во смисла да ги менаџира, да ги заштити и да ги имплементира човековите права, да ги интегрира малцинствата и, се разбира, да се докаже и покаже на меѓународен план, особено во делот и на европската регионална интеграција, интеграцијата во ЕУ, па и пошироко – изјави проф. д-р Џузепе Каталди.