Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Професор од УГД избран во базата на експерти на ENQA

Споделете

Проф. д-р Мишко Џидров од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на обуката ENQA Training of Agency Reviewers, која се одржа онлајн во три последователни петочни сесии.

Обуката беше посветена на Стандардите и насоките за обезбедување на квалитет во Европската област за високо образование (ESG2015), како и на процесот на ревизии на агенции од страна на ENQA. Професорот беше номиниран од Европската универзитетска асоцијација (EUA) и го претставуваше Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Со успешно завршување на оваа програма, професорот Џидров доби Сертификат за учество и официјално е вклучен во базата на експерти на ENQA, што претставува значаен успех и признание за УГД. Ова овозможува активно вклучување во следните европски евалуации на агенции за обезбедување квалитет во високото образование.