Search

Штип УГД царува во македонската одбојка – трета КУП титула во низа!

Споделете

Штип УГД ја потврдува евидентната доминација во македонската одбојка последните години – освоена е третата титула во Одбојкарскиот КУП на Македонија во низа! Годинава немаше реприза на финалето Штип УГД – Струмица, туку штипјани во финалето во доста квалитетен меч славеа против Борец од Велес со 3:1.

Неизвесно беше финалето во салата „Јане Сандански“ во Скопје, каде што првиот сет го доби Штип УГД со 25:17, за во вториот да возврати Борец, добивајќи го со 25:22.  Се чини дека клучен беше третиот, драматичен сет, во кој мораше да се играат 62 поени за победник – штипјани го добија со 32:30.

Психолошката предност ја искористија одбојкарите на Штип УГД на најдобар можен начин, добивајќи го убедливо третиот сет со 25:13, за титула во Купот на Македонија. Дополнително, потврда за вредноста на составот на тренерот Кристијан Ристески е и тоа што за МВП на финалниот Куп турнир беше прогласен одбојкарот на Штип УГД Стојан Илиев.

Ова навистина ја потврдува доминацијата на Штип УГД во македонската одбојка, која се очекува да биде потврдена со титула и во одбојкарското првенство, каде што се очекува пак директен конкурент да биде велешки Борец.