Search
|     contact@ugd.edu.mk

Уписи трет циклус 2023/2024

Во август 2023 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип објави конкурс за упис на студенти на единиците на Универзитетот во учебната 2023/2024 на трет циклус, односно на докторск студии на достапните студиски програми.

Постапка за конкурирање и запишување на трет циклус докторски студии

Во текот на август 2023 година, Универзитетот Гоце Делчев во Штип објави конкурс за упис на студенти на за учебната 2023/2024 на втор и трет циклус студии на достапните студиски програми во рамките на Универзитетот.

За трет циклус на студии објавени се вкупно 351 слободно место за заинтересираните кандидати со следниот распоред на места по кампуси: Кампус 2 со 142, Кампус 3 со 53 места и Кампус 4 со 156 места. Услов за запишување е кандидатот да има завршено соодветни студиски програми од втор циклус со стекнати најмалку 300 ЕКТС од прв и втор циклус збирно, а за одредени студиски програми потребно е кандидатот да има и најмалку 360 ЕКТС. Дополнително од кандидатите може да се бара исполнување на одредени услови  утврдени од Универзитетот.

Пријавувањето на заинтересираните кандидати се врши електронски преку креирање на електронска пријава за упис на наменскиот линк за Уписи во трет циклус 2023/2024 на страната на Универзитетот и прикачување на потребните документи во електронска форма.

Периодот на пријавување за двата циклуси е од 14.08.2023 до 30.09.2023 година, а кандидатите се должни покрај електронски, документите да ги достават и во материјална форма најдоцна до 02.10.2023 година, и тоа за трет циклус на Правен факултет.

Објавувањето на прелиминарната ранг листа е на 05.10.2023 година, а на конечната на 06.10.2023 година. По утврдувањето на конечната листа запишувањето на примените кандидати за трет циклус ќе се врши во период од 30.10 до 05.11.2023 година.

Следат дополнителни важни информации во врска со Уписите на трет циклус студии за академската 2023/2024 година, а целосно објавените конкурси се достапни на следниот линк:

Конкурс за трет циклус 2023-2024

Роковник за реализирање на Конкурс за трет циклус студии 2023-2024

Потребни документи

– ДОКУМЕНТИ

(Студентот кој нема да ги достави потпишани од менторот и од раководителот на катедрата обрасците под точка 4 нема да бидат запишани на докторски студии)

– УПЛАТИ

Кандидатите задолжително мораат да ги извршат уплатите со личен ЕМБГ.

I. Потврда за уплатени 1.200 денари – за пријава за упис

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на корисник 1600160330-788-41
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Образец ПП-50

 

II. Потврда за уплатени 500 евра – за партиципација (за прв семестар) – по среден курс на Народна банка на денот на уплатата

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на корисник 1600160330-788-41
  • Приходна шифра 723012 Програма 44 Образец ПП-50

 

Напомена: Студентите кои се странски државјани уплаќаат двојно поголем износ, односно 1.000 ЕУР за партиципација за прв семестар (во денари).

 

III. Потврда за уплатени 650 ден. – за ИКСА (информатички и културнo-спортски активности)

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник 1600160330-788-60
  • Приходна шифра 723119 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

IV. Потврда за уплатени 400 ден. -за материјални трошоци, солидарна одговорност

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на корисник 1600160330-788-41
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

V. Потврда за уплатени 150 ден. – за студентско собрание

  • Назив и седиште на примачот: „Гоце Делчев“ Штип
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на корисник: 160016033078860
  • Приходна шифра: 723119 Програма: 44 Образец ПП 50

 

VI. потврда за уплатени 300 ден. за надомест за книжен фонд на Универзитетот

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на  корисник 1600160330-788-56*
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

VII. Потврда за уплатени 500 ден. за упис на прв семестар

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на  корисник 1600160330-788-41*
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

VIII. Потврда за уплатени 390 ден. за спортски активности

  • Примач: „Универзитетски спортски центар“-Штип
  • Банка на примачот : Стопанска банка
  • Сметка: 200001926783548
  • Образец ПП10

 

Напомена: сите потребни формулари можат да се набават и во универзитетските книжари.

ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА

Сашка Атанасова

Телефон:  +389 032/550 032
E-mail:saska.atanasova@ugd.edu.mk
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија

Слаџана Димишков

Телефон:  +389 032/550 032
E-mail: sladzana.dimiskov@ugd.edu.mk
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија

Локации за доставување на физички документи за пријавување