Search

Започна Меѓународната работилница „UNd-9 United in Design“ во Штип: Креативен мост меѓу девет европски градови

Споделете

Со интерактивни активности за запознавање на учесниците, вчера во Штип официјално започна Меѓународната дизајн-работилница „UNd-9 United in Design“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Овој интензивен петдневен настан (21–25 септември) на едно место собра студенти и професори од различни креативни и дизајнерски дисциплини од девет европски земји, кои преку уметноста и дизајнот истражуваат како заедничките културни приказни можат да оживеат во јавните простори. Настанот е дел од Европската универзитетска алијанса ACE2EU.

Првиот ден од работилницата беше во духот на запознавањето со локалниот контекст, културното наследство и историјата на Штип. Учесниците го посетија ридот Исар и Музејот на Општина Штип, по што преку создавање т.н. Culture Snapshots (културни портрети) ги презентираа сопствените идентитети, традиции и мемории од земјите од каде што доаѓаат. Работилницата ја раководaт проф. д-р Екатeрина Намичева-Тодоровска и проф. Ванѓа Димитријева.

Во текот на оваа недела, универзитетските студија се претворени во динамични креативни лаборатории. Работејќи во меѓународни и мултидисциплинарни тимови – кои опфаќаат архитектура, графички и моден дизајн, ликовни уметности и медиуми – студентите истражуваат нискотехнолошки и експериментални методи, користејќи главно хартија и картон за да ги преведат културните наративи во просторни и визуелни концепти.

Главниот фокус и краен резултат од оваа интензивна работа е замислување и изработка на просторен маркер односно изложбен панел од картон, кој ќе биде наменет за универзитетската градина или јавен отворен простор во Штип. Овој прототип ќе служи како флексибилен модел што подоцна ќе може да се приспособува и реплицира во различни градови, универзитети и културни средини ширум Европа.

Преку постојани дискусии, скицирање, презентации и тимска депо Flavour School работилницата го става процесот на размена, учи преку пракса и гради мостови за долгорочна интеркултурна соработка меѓу младите креативци.