Во периодот од 14 до 18 септември, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше домаќин на петдневната JRC Summer School 2026, посветена на процената на загадувањето на воздухот, почвата и водите. Летната школа беше организирана во партнерство со Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија.
Програмата обедини студенти, млади истражувачи и експерти од регионот, кои преку предавања, практични активности и теренска работа ги унапредија своите знаења за процена на емисиите и влијанијата врз животната средина, современи алатки развиени од JRC, како и напредните техники за мерење и мониторинг.
Особена вредност на школата претставуваше можноста учесниците директно да учат од научници и експерти, да разменат искуства и да воспостават нови професионални контакти и основи за идна соработка.
Со реализацијата на оваа значајна меѓународна иницијатива, УГД уште еднаш ја потврди својата посветеност кон науката, развојот на истражувачките капацитети и создавањето одржливи решенија за современите предизвици во животната средина.
#UGD #JRC #JRCSummerSchool2026 #EuropeanCommission #WesternBalkans


