Животно мото: „Трудот секогаш вродува со плод!”
Мојот рецепт за успех: Трудот, истрајноста и вербата во себе секогаш ми се приоритет.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Паралелно со студиите, работев дома како градинар. Но, токму работата со земјата ми даде уште поголема мотивација да учам и да напредувам.
Факултетот и насоката ги избрав затoa што: Средното образование ми беше лозаро-винарски техничар, а го завршив во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, па потоа решив да се запишам на Земјоделски факултет на УГД. Целта за којашто се запишав на оваа струка ми беше како полесно и поефикасно преку стручен и научен пат да се справувам со секојдневните домашни предизвици на градинарските култури во пластениците и на отворено.
Со УГД се дружев: Четири студиски години, каде што се здобив со знаење, но и со многу добри колеги и професори.
Праксата на УГД како составен дел од студиите ја остварив во: „Уни-сервис агро“ при Земјоделски факултет, како и Лабораторија за растителна биотехнологија при Земјоделски факултет во НЦ Струмица.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Целиот колектив на УГД, како и електронскиот систем што го користи единствено нашиот универзитет, значително ми ја олеснија работата и ми помогнаа во градењето на мојата успешна кариера. Во текот на студиите во втора година аплицирав за стипендија со просек над 8, која изнесува 18.000 денари месечно, и успешно бев прифатен од страна на МОН и истата ја добивав 3 години по 9 месеци во една студиска година.
Совет за младите како идни студенти: Мојот совет до младите идни студенти е да веруваат во себе, да учат со посветеност и храбро да го изберат патот што го сакаат. Иднината на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип нека ви е вистинскиот избор.


