Институтот „Либерална алтернатива“ организира Летна школа за економска писменост, која ќе се одржи од 15 до 19 септември во Тетово. Можат да учествуваат студенти од сите универзитети и факултети во Македонија.
Институтот „Либерална алтернатива“ е невладина организација која активно работи повеќе од една деценија. Во последните пет години активно работи во областа на економската писменост на младите. Во тој поглед, се организира Летна школа за студентите од сите универзитети и факултети во земјава во доменот на економска писменост.
Летната школа ќе се одржи од 15 до 19 септември во Тетово. Сите трошоци (сместување, хранарина) се покриени од организаторот. Летната школа е на англиски јазик. Рокот за аплицирање за Летната школа е до 5 септември 2025 година и може да се аплицира преку линкот: https://forms.gle/D9FoFkdAr6teS1nE7
Повеќе информации за Летната школа, исто така, може да се најдат на овој линк: https://lai.mk/2025/08/19/call-for-applications-summer-school-on-common-sense-economics-2/