Search
|     contact@ugd.edu.mk

Инфо-сесија за Повик за истражувачки престој во Германија за докторанди и магистранди

Одлична можност им се нуди на студенти магистранди и докторанди кои студираат во областите заштита на животната средина, екологија и одржлив развој, климатски промени и обновливи извори на енергија.
Споделете

Одлична можност им се нуди на студенти магистранди и докторанди кои студираат во областите заштита на животната средина, екологија и одржлив развој, климатски промени и обновливи извори на енергија. Преку програмата на Германската фондација за животна средина можат да конкурираат за стипендија од 1350 евра месечно, за период од 6 до 12 месеци. Во програмата е вклучен и интензивен курс по германски јазик. Рокот за аплицирање е до 5 март и 5 септември секоја година, а повеќе информации заинтересираните магистранди и докторанди ќе можат да добијат на Инфо-сесија која ќе се одржи на 17.2.2023 година во просториите на Нетавиле ДБУ и Македонското еколошко друштво во Скопје.

Инфо-сесијата ќе биде водена од координаторот на ДБУ стипендиите за Македонија, г-ѓа Фросина Пандурска-Драмиќанин и студентка која годинава ќе започне истражувачки престој во Германија.

Повеќе информации за стипендиите има на следниов линк: https://www.dbu.de/2600.html

Македонското еколошко друштво во изминативе десетина години активно соработува со Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt), којашто минатата година прослави 25 години од постоењето на Програмата за стажирање во Германија наменета за студенти од земјите од Југоисточна Европа. Студентите својот истражувачки престој може да го поминат во организации, фирми, институти и универзитети во Германија, од 6 до 12 месеци.

Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија. Во последно време оваа програма поддржува и проекти за дигитализација кои имаат некаква допирна точка со екологија или животна средина