Search
|     contact@ugd.edu.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ за странските студенти од Р. Турција

Универзитет „ Гоце Делчев “– Штип изразува длабоко жалење за состојбата во Р. Турција, последица од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 06.02.2023г.
Споделете

Универзитет „ Гоце Делчев “– Штип изразува длабоко жалење за состојбата во Р. Турција, последица од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 06.02.2023г. Универзитетот ги охрабрува студентите кои чувствуваат потреба да заминат во Р. Турција, да го сторат истото бидејќи ова се моменти кога треба да бидете заедно со Вашите семејства

Ги информираме сите наши студенти кои доаѓаат од области во Р. Турција, кои беа погодени со катастрофалниот земјотрес, кои имаат при-јавено испити во тековната февруарска испитна сесија, а сеуште ги немаат реализирано испитите, дека Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип  ќе овозможи услови за продолжување на сесијата или организирање на дополнителна вонредна сесија, доколку за тоа се јави потреба. За реализација на оваа активност потребно е студентите кои ќе заминат во Р. Турција, да пополнат пријава на следниот линк:

https://forms.office.com/e/YmH85w7cpX