Се информираат студентите од сите циклуси на студии дека термините за реализација на испити во Априлска (дополнителна) испитна сесија 2026 година се:
– Пријавување на испити: од 6 април 2026 г. (00:00 часот) до (заклучно со) 14 април 2026 г. (23:59 часот);
– Полагање на испити: од 15 април 2026 г. до (заклучно со) 1 мај 2026 г.
Априлска (дополнителна) испитна сесија 2026 година се организира на дел од факултетите при Универзитетот и распоредите за полагање ќе бидат истакнати само на тие факултети.
Факултети за кои важи сесијата (прв циклус студии): Економски факултет, Електротехнички факултет, Земјоделски факултет, Машински факултет, Музичка академија, Правен факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за медицински науки, Факултет за образовни науки, Факултет за природни и технички науки, Факултет за туризам и бизнис логистика, Филолошки факултет.
Факултети за кои важи сесијата (втор циклус студии): Економски факултет, Електротехнички факултет, Земјоделски факултет, Машински факултет, Музичка академија, Правен факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за медицински науки, Факултет за образовни науки, Факултет за природни и технички науки, Факултет за туризам и бизнис логистика, Филолошки факултет.
Факултети за кои важи сесијата (трет циклус студии): Економски факултет, Електротехнички факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Правен факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за медицински науки, Факултет за природни и технички науки, Факултет за туризам и бизнис логистика, Филолошки факултет.
Потребни уплати за пријавување на испити за прв циклус студии

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:
| Приходна шифра | Сума |
| 723013 | 520 |
| Административна такса | 50 |


