Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Септемвриска двојна сесија:
- Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2025:
- Пријавување на испити во Септемвриска прва сесија 2025 е: oд 1.8.2025 год. (00:00 часот) до (заклучно со) 14.8.2025 год. (23:59 часот);
- Пријавување на испити во Септемвриска втора сесија 2025 е: од 1.8.2025 год. (00:00 часот) до (заклучно со) 6.9.2025 год. (12:00 часот).
- Полагање на испити во Септемвриска прва сесија 2025: од 18.8.2025 год. до (заклучно со) 7.9.2025 год.
- Полагање на испити во Септемвриска втора сесија 2025: од 9.9.2025 год. до (заклучно со) 28.9.2025 год.
Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус студии:
Напомена:
- Студентите потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
- General medicine – студентите не уплатуваат дополнителни средства за пријавување;
- Computer engineering and technologies и International law and international relations – студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113.
- Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).
Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:
Приходна шифра | Сума |
723013 | 520 |
Административна такса | 50 |
520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава
Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.