Search

ACE DAY — Се одбележува една година од алијансата ACE²‑EU

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со сите партнерски универзитети одбележува една година од постоењето на Универзитетската алијанса ACE2EU.

Настанот ќе се одржи на 11 декември 2025 година (четврток), со почеток во 12 часот, во холот на Кампус 2. Настанот е отворен за сите студенти, наставници и вработени, и има цел да ги запознае присутните со можностите, активностите и вредностите што ги нуди оваа европска иницијатива, а воедно и свечено да одбележи една успешна година.

Ова е одлична можност да дознаете за студирање, истражување или практична работа надвор од нашите граници.

Ги охрабруваме сите студенти и вработени да учествуваат и да ги истражат своите можности во рамките на ACE²-EU.

ACE²-EU (Applied, Connected, Entrepreneurial and Engaged – European University) е меѓународна алијанса на девет европски универзитети, меѓу кои и УГД, со цел да создаде заеднички „меѓууниверзитетски кампус“. Алијансата промовира транснационална соработка, интердисциплинарно образование, иновации, мобилност и општествено ангажирање.

Мисијата на ACE²-EU е да ги подготви студентите, академскиот и административниот кадар за идните предизвици, дигитална и зелена транзиција, одржлив развој, социјални и економски предизвици, преку заеднички образовни програми, истражувачки и иновативни проекти, како и промовирање на европските вредности: демократија, еднаквост, солидарност, инклузија и одговорност кон општеството и животната средина.

ПОКАНА (.pdf)