Search

Пријави се за Јазичните тандеми на ACE2-EU!

Споделете

Јазичните тандеми претставуваат можност за изучување на јазиците на земјите членки на универзитетската алијанса ACE2EU: латвиски, литвански, германски, шпански, португалски, романски, полски јазик и македонски јазик.

Изучувањето на јазиците се одвива онлајн, преку платформите MS Teams или Zoom, во формат на јазичен тандем кој подразбира учење од соговорникот преку разговор, со употреба на мајчиниот јазик на секој од соговорниците и еден посредувачки јазик, најчесто англискиот.

Процесот на вклучување е едноставен: по регистрацијата на платформата Registration Form for ACE2-EU Language Tandems (Kopia), внесувате информации за вашето јазично ниво и интереси, по што координаторите од Медицинскиот универзитет во Гдањск ќе предложат соодветен тандем-партнер. Потоа, часовите се организираат според заеднички договорен распоред со соговорникот.

Програмата предвидува вкупно 15 часа работа и вклучува механизми за следење на квалитетот, но содржината на часовите останува флексибилна и прилагодена на интересите на учесниците – од култура, музика и гастрономија, до наука, општествени теми и професионални области.

Учеството во јазичните тандеми претставува одлична можност за:
• унапредување на јазичните и комуникациските вештини;
• стекнување интеркултурни компетенции;
• воспоставување меѓународни контакти и пријателства;
• создавање основа за идни академски, истражувачки и проектни соработки.

Ве охрабруваме да ја искористите оваа можност за учење, меѓународно поврзување и активно учество во европската академска заедница.

За повеќе информации, може да ја посетите веб страницата Language tandems | Medical University of Gdańsk или да се обратите до координаторите на програмата на УГД:

Проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска – jovana.karanikik@ugd.edu.mk
Проф. д-р Ева Ѓорѓиевска – eva.velinova@ugd.edu.mk