Search

Средба на менаџери и координатори на ACE²-EU алијансата се одржа на УГД

Споделете

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од 25 до 27 март, се одржува меѓународниот состанок на менаџери и институционални координатори во рамки на ACE²-EU алијансата, на кој учествуваат претставници од повеќе европски универзитети.

Состанокот се реализираше на Правниот факултет, а беше фокусиран на унапредување на студентската и академската мобилност, како и на развој на заеднички стандарди и активности во рамки на Алијансата. Во текот на тридневната агенда, учесниците дискутираат за нови можности за мобилност, идентификување на клучните предизвици и креирање на заеднички механизми за подобрување на процесите.

Првиот ден беше посветен на идните активности на ACE²-EU, вклучително и нови програми за волонтирање и микролернинг, додека вториот ден фокусот ќе биде на оперативните предизвици, стандардизација на процедурите и алатките за поддршка на мобилноста. Во рамки на програмата беа организирани и дополнителни настани, со цел вмрежување на координаторите и студентите од сите универзитети.

На завршниот ден, учесниците ќе работат на интегрирање на активностите на Алијансата во постојните Еразмус програми, со посебен акцент на развој на заеднички студиски програми, докторски школи и зголемување на можностите за размена на студенти и кадар.

Состанокот има за цел да даде заклучоци и препораки за идните чекори, со цел зајакнување на соработката меѓу партнерските институции и унапредување на европското високо образование.