Почна ACEploration мисијата во Латвија, во рамките на ACE²-EU универзитетската алијанса, каде што учествуваат и професорките Јана Јакимовска и Андријана Данчевска од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Првиот ден од настанот, кој се одржува во Латвиската академија за култура (Latvijas Kultūras akadēmija), беше посветен на запознавање и вмрежување со колегите од партнерските универзитети, споделување идеи за заеднички студиски активности и можности за идни соработки.
Програмата опфати и предавање за медиумска писменост и дезинформации, со акцент на критичкото размислување и одговорното користење на медиумите. Преку интерактивни активности, учесниците имаа можност подобро да се запознаат и да разменат културни искуства.
По обиколката на кампусот на Латвиската академија за култура, следуваше претставување на идеи за заеднички студиски иницијативи и првата креативна сесија, во која концептите се претворија во потенцијални идни проекти.
Настанот претставува инспиративен почеток на оваа ACE²-EU мисија во Рига, која ќе продолжи со нови активности и соработки меѓу партнерските универзитети од Европа.
				
															

