Search
|     contact@ugd.edu.mk

Кристина Паунова – Електротехнички факултет

Најголем впечаток ми оставија предавањата за обновливите извори на енергија и преносните и дистрибутивните системи. Тие професори се најзаслужни за мојот голем интерес за овие области.
Споделете

Име и презиме: Кристина Паунова

Факултет и студиска насока: Електротехнички факултет, студиска програма Енергетика и обновливи извори на енергија.

Тековна професија: ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје на позиција специјалист за нови приклучоци.

Место на вработување: ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.

Животно мото: Верувај во своите способности и не се откажувај лесно.

Позиција на која работам денес: ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје на позиција специјалист за нови приклучоци.

Мојот рецепт за успех се состои од: Желба за знаење и посветеност.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Еден од моите предизвици беше добрата организација на време. Обично мојот ден е целосно исполнет, па морав некако да направам организација на моите обврски за да имам време да завршам сѐ што ми е предвидено.

Со УГД се дружев: 4 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Отсекогаш ме интересирале природните и техничките науки, посебно ги сакав математиката и физиката, поради тоа го одбрав овој факултет.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Моето претходно знаење и подготвеност во областа на математиката, бидејќи ми помогна многу и околу другите предмети, со оглед на тоа што овој факултет вклучува решавање на доста задачи и проблеми.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: ЕВН Електродистрибуција КЕЦ – Штип.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Прво нешто што ми помогна беше тоа што сакав да учам, да се надградувам и да го проширувам моето знаење и, второ, професорите кои ме мотивираа да постигнам успех.

Мудрост споделена од професор на предавање, која ми остави најголем впечаток во животот: Најголем впечаток секогаш ми оставаа предавањата од областа на обновливите извори на енергија и преносните и дистрибутивните системи. Професорите кои ги држеа овие предавања се заслужни за мојата голема заинтересираност кон овие предмети и тие ме мотивираа за постигнување на мојата цел.

Книга, видео, поткаст или настан кој би им го препорачал/а на другите: Обожавам да читам психолошки трилери, па би ја препорачала „Патник 23 “од Себастијан Фицек.

Совет за младите како идни студенти: Студирањето е еден од најубавите периоди од животот, уживајте во него.

 

За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД, посетете ја нашата веб-страница

Повеќе успешни приказни од студентите на УГД може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti

Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниот линк: студиска програма Енергетика и обновливи извори на енергија.

Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka