Search
|     contact@ugd.edu.mk

Стефан Мишовски – Факултет за медицински науки

Дозволи да учиш од најдобриот поради тоа што за квалитетот одлучуваме сами. УГД е показател на квалитет и знаење.
Споделете

Име и презиме: Стефан Мишовски
Факултет и студиска насока: Дипломиран студент на Факултетот за медицински науки
Место на вработување: Демонстратор на Факултетот за медицински науки по предметот Хистологија и ембриологија

Студиите и едукацијата на УГД се моменти кои вечно ќе бидат врежани во моите сеќавања.  Достапноста на електронските учебници го олеснуваа мојот пат на образование и реализација на мојата визија.  Во секој момент имав можност да ја добијам потребната информација од професорите или асистентите со достапноста на електронските платформи. На УГД сите студенти сме исто третирани и имаме можност за еднакво напредување. Универзитетот ги поттикнува амбициозните студенти за вклучување во дополнителни активности со цел да ги прошириме своите видици и полесно да се приклучуваме во иднината.

Практичната настава имав можност да ја следам во мојот роден град во најреномираните болнички и клинички установи на нашата држава, а со тоа го штедам времето на патување, кое потоа го преточувам во време за учење.

Целокупниот концепт за реализација на практична настава ми дозволи многу блиску да се доближам до медицината, а секако и да се пронајдам себеси. Со сигурност повторно мојот избор би бил Факултетот за медицински науки на УГД.