Search
|     contact@ugd.edu.mk

Изложба во Кампус 4 по повод 100 години од раѓањето на Итало Калвино

По повод стогодишнината од раѓањето на италијанскиот писател Итало Калвино во холот на Кампус 4 беше поставена изложба посветена на овој значаен писател во рамките на светската книжевност.
Споделете

На изложбата се претставени преводите на делата на Итало Калвино на повеќе светски јазици. Посебно место на изложбата е посветено на преведените дела на македонски јазик. Изложбата е организирана од страна на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во соработка со Амбасадата на Република Италија во Скопје.