Search
|     contact@ugd.edu.mk

Професорката Јуми Такахаши од American University of Central Asia ќе одржи предавање за студентите на УГД

Професорката д-р Јуми Такахаши ќе биде во посета на УГД при што ќе се потпише и договор за меѓусебна соработка и ќе одржи предавање и работилница за студентите на ФОН и останатите студенти на УГД.
Споделете

Датум: Четврток 13.10.2022 год. 9 часот

Место: Факултет за образовни науки

Професорката д-р Јуми Такахаши од 12.10 до 17.10 2022 г. ќе биде во посета на УГД при што ќе се потпише и договор за меѓусебна соработка и ќе одржи предавање и работилница за студентите на ФОН и останатите студенти на УГД.

На 12.10.2022 проф. Такахаши ќе потпише договор за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“, а на 13.10.2022 од 9.00 часот ќе одржи предавање за студентите на Факултетот за образовни науки. Предавањето ќе се одржи во просториите на Факултетот за Образовни науки (предавална 1) на следните теми:

  • Japanese Education and Some Challenges
  • Cross – Cultural Communication and My Experience.

Јуми Такахапи е професор на Американскиот Универзитет од Централна Азија. Предава антропологија, технологија и меѓународни односи. Дипломирала и магистрирала на Евергрин Универзитетот во државата Вашингтон, САД. Таа е координатор на Јапонскиот клуб. Постигнувањата на студентите кои студираат во странство ја инспирира да напредува во својата професија преку студирање и предавање. Таа сака да ја споделува јапонската култура со студенти кои се заинтересирани да учат во Јапонија и други земји. Нејзиниот омилен курс за предавање е меѓукултурната комуникација.