Search
|     contact@ugd.edu.mk

Со семинар во Штип почнува соработка меѓу Музичка академија на УГД и Универзитетот Минстер во Германија

Соработка меѓу Музичка академија на УГД и Универзитетот Минстер во Германија
Споделете

На Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи семинар на познатиот тенор проф. Михаило Арсенски.

Семинарот ќе биде на тема „Подготовки на арии за аудиции”, а ќе се одржи од 6 до 10 март 2023 година во Музичката академија.

Преку овој настан официјално започнува соработката помеѓу Универзитетот во Минстер, Германија, и Музичка академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип преку програмата Еразмус +.