Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студенти од Музичката академија настапија заедно со Оркестарот на Институтот „Фејм’с“

Споделете

На 10 февруари 2024 година во малата сала на Филхармонијата се одржа концерт на Оркестарот на Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејм’с“ (Fame’s).  На концертот настапија и студенти на Музичка aкадемија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип со реномираните Тимоти Редмонт и Хари Апс од Англија.

Тимоти Редмонд активно диригира во Европа и во Соединетите Американски Држави. Професор е по диригирање во Училиштето за музика и драмски уметности Гилдхол, диригент и коосновач на концертната серија на Ројал Алберт Хол – My Great Orchestral AdventureTM и редовно гостува како диригент со Лондонскиот симфониски и Кралскиот филхармониски оркестар. Настапувал во Обединетото Кралство со BBC Симфонискиот оркестар, Шкотскиот симфониски оркестар, Бирмингенскиот симфониски оркестар и многу други. Бил музички директор во Филхармонијата на Кембриџ, Винстон – Салем симфонискиот оркестар и е главен диригент на програмата Know The Score (Royal Philharmonic Orchestra). Редмонд е редовен соработник на Институтот „Фејм’с“ и досега бил ментор на повеќе курсеви како дел од програмата.

Хари Епс го остварува своето професионално деби како Мариус, како дел од турнејата во Велика Британија и Ирска на „Клетници“, пред да го оствари и своето Вест Енд деби во истата улога во Театарот Сондхајм. Други театарски улоги кои ги играл се: Тобиас во Sweeney Todd (West Green House Opera) и Мариус во Les Misérables: The Staged Concert (Sondheim Theatre). Концертно настапува и на The Darley Park Concert (Derby Live) и последно настапува заедно со Бернадет Питерс и Леа Салонга на Stephen Sondheim’s Old Friends продукцијата на Театарот Гилгуд.

Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејм’с“ (Fame’s) претставува музички образовен центар којшто е создаден во рамките на компанијата „Фејм’с“ (Fame’s) која се занимава со професионално снимање и продукција на музика.