Search
|     contact@ugd.edu.mk

Виртуелна изложба на Ликовната академија

Споделете

Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“, во рамки на одбележување на патрониот празник, ја промовира својата виртуелна галерија.

Моменталната поставка на галеријата вклучува мал пресек од тековната работа на дел од студентите, но и дипломци, постдипломци и завршени студенти.

До изложбата може да се пристапи преку влез во веб-страницата galerija.ugd.edu.mk или со скенирање на QR кодот на плакатот.