Search
|     contact@ugd.edu.mk

Повик за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање

Министерството за образование и наука (МОН) објави Јавен повик за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање
Споделете

Министерството за образование и наука (МОН) објави Јавен повик за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Условите кои треба да ги исполнуваат студентите за да можат да аплицираат за оваа помош се:

1. Да се државјани на Република Северна Македонија;

2. Да имаат статус на редовни студенти;

3. Да се запишани на државните универзитети;

4. Да живеат надвор од местото на студирање.

За добивање на финансиска поддршка кандидатите треба да се пријават електронски на следниов линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат податоците во пријавата за стекнување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање, како и изјавата за давање на согласност за обработка на личните податоци на студентот за финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање.

Доказите кои треба да се прикачат со апликацијата се следните:

  • Потврда за редовен студент на државен универзитет;
  • Уверение за државјанство;
  • Лична карта или друг документ за идентификација;
  • Трансакциска сметка.

Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 г.

Стекнувањето за финансиска поддршка за корисниците е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од декември 2023 година.

За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка на претходните повици, Министерството за образование и наука секој месец објавува повик, најдоцна до петтиот ден во месецот, кој повик трае седум дена од денот на објавувањето.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за финансиска поддршка на студенти, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка, преку Секторот за високо образование и тоа на следниот контакт:  studenskiprevoz@mon.gov.mk

Конкурсот може да се погледне на следниот линк:

https://mon.gov.mk/content/?id=8431