Search
|     contact@ugd.edu.mk

Прв академски час на трет циклус студии за 2023/2024 г.

Споделете

Првиот академски час на трет циклус студии се одржа во сабота, 25 ноември 2023 г., во свечената сала на Кампус 2. На трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во студиската 2023/2024 година се запишани околу 60 нови студенти.
Започна академската година за новите студенти на трет циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Првиот академски час се одржа во сабота, 25 ноември 2023 г., во свечената сала на Кампус 2. На трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во студиската 2023/2024 година се запишани околу 60 нови студенти.

Свое обраќање до студентите имаше ректорот проф. д-р Дејан Мираковски.

Презентација за третиот циклус студии имаше проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска.

На настанот присуствуваа: проф. д-р Дејан Мираковски – ректор, проф. д-р Зденка Стојановска – проректор за наука, проф. д-р Олга Кошевалиска – декан, проф. д-р Ѓорѓи Димов – декан, проф. д-р Милка Здравковска – декан, проф. д-р Винета Сребренкоска – претседател на ННС на ДС на Кампус 2, проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска – претседател на ННС на ДС на Кампус 3 и други професори.

На настанот присуствуваа повеќе од 30 новозапишани студенти.