Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студенти од УГД ќе можат да одат на пракса во меѓународни компании во Италија

Споделете

Како резултат на Меморандумот за соработка меѓу Филолошки факултет при УГД и Асоцијацијата на претпријатија „Конфиндустрија Северна Македонија“, студентите од овој факултет, а и од другите во рамките на УГД, ќе можат да одат на практична настава во Италија.

Предмет на нашиот Меморандум е склучување на можности за пракса на студентите италијанисти. Филолошкиот факултет ја вклучува праксата во образовниот процес, но нашите договори претежно беа соработка со училишта. Ова е нова иницијатива, да бидат вклучени нашите студенти во меѓународните компании“, изјави продеканката на Филолошки факултет, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска.

Договорот беше потпишан вчера, но сѐ уште не е објавено од кога ќе можат студентите на УГД да заминат на практична настава во компаниите во Италија.

Ние нудиме можности за пракса, стажирање на студенти, но и размена на студенти меѓу Италија и Македонија. ‛Конфиндустрија Северна Македонија‛ во Северна Македонија е дел од групацијата на ‛Конфидустрија‛ Источна Европа, која вклучува 11 претставништва, а во рамките на групацијата има околу 150 илјади италијански претпријатија“, изјави Рикардо Рајноне од „Конфиндустрија Северна Македонија“.

Покрај можноста што ќе ја имаат студентите, овој Меморандум ќе овозможи и заеднички проекти на УГД со италијански универзитети, со оглед на тоа што во рамките на „Конфидустрија“ има неколку универзитети.