Search
|     contact@ugd.edu.mk

Тим студенти од Правен факултет ја освои наградата за најдобар тим на овогодишниот Национален натпревар во симулирано судење од кривично-правната област

Споделете

На 12 април 2024 г. се одржа Националниот натпревар во симулирано судење на предмети од кривично-правната област на кој учествуваа четири правни факултети од државата.

Нашиот тим составен од студентите:  Леона Димова, Нина Рогожарска, Сара Бојкова, Михаел Милошевски, Георги Зафиров, Мартин Атанасов, Марија Николова, Марија Најдова, Сања Попова, Севда Мемиш и Викторија Манева освои награда за најдобра тимска работа. Студентката Марија Николова доби и посебна награда за најдобро сведочење на натпреварот.

Студентите беа менторирани од страна на проф. д-р Олга Кошевалиска, проф. д-р Елена Максимова, демонстратор Богољуб Мијалков и адвокат Дарко Џорлев.

Годинешниот натпревар беше во организација на IDLO (International Development Law Organization) и Американска амбасада во Скопје. Благодарност за целиот ангажман и вложен труд.