Search
|     contact@ugd.edu.mk

Универзитетот „Гоце Делчев“ гостин на првата бизнис-конференција за претприемачки „HalkTalk 2023“

Декани, професори и студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како партнер на Халк банка АД Скопје, учествуваа на Првата бизнис-конференција за жени претприемачки „HalkTalk”, којашто Банката ја организираше со поддршка од Мастеркард (Mastercard).
Споделете

Под мотото „Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“ на едно место се собра бизнис-заедницата на жени. Имено, успешни и амбициозни жени во првата панел сесија споделија инспиративни приказни и бизнис совети за „кариерата од соништата“ во Македонија, а специјална говорничка беше Агњешка Шпионек од Mastercard Advisors.

Во втората панел-дискусија фокусот беше жената во секоја улога, во и надвор од бизнисот, каде што се нагласи потребата од отворена и директна меѓусебна поддршка помеѓу припадничките на заедницата на сопственички бизниси кај нас.

Конференцијата ја отвори Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк, и Вања Манова, директорка на Мастеркард за Бугарија, Северна Македонија, Косово и Албанија.