Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) Божиќна гастрономска изложба на ФТБЛ

Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со СУГС „Лазар Танев“ организираа настан „Храната – симболика на божиќната приказна“.
Споделете

Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со СУГС „Лазар Танев“ организираа настан „Храната – симболика на божиќната приказна“.

На овој настан поздравни обраќања имаа деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, директорот на СУГС „Лазар Танев“, д-р Небојша Вуковиќ, проректорот за инвестиции и развој при Универзитет „Гоце Делчев“, проф. д-р Дарко Лазаров, и директорката на ОСУ „Ацо Русковски“, г-ѓа Душанка Паговска.

Во првата панел-сесија именувана како „Религиозната гастрономија низ призмата на македонската национална кујна и обичаите“, гости-панелисти беа проф. д-р Душица Попова од ФТБЛ и раководител на Катедрата за туризам, презвитер Ивица Тодоров од Македонската Православна Црква, директорот на Агенцијата на промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски, и директорот на СУГС „Лазар Танев“, д-р Небојша Вуковиќ. Модератор на панелот беше проф. д-р Татјана Бошков.

Во овој панел се разви интересна дебата со оглед на експертизата и полето на дејствување на панелистите, при што гостите имаа можност да слушнат за религиозната гастрономија и поврзаноста со храната – што значи да се пости, каква треба да биде нутритивната вредност на храната, со кои производи можеме да го замениме месото во текот на постите, како храната којашто е еден од факторите за потврда на идентитетот станува национален, регионален и личен носител на карактеристиките кои ја одредуваат нацијата, народот и човекот. Се истакна кои дополнителни напори треба да се направат за да ја промовираме националната гастрономија како составен дел од туристичката понуда на Македонија.

Втората панел сесија на тема „Божиќна гастрономска изложба“ беше модерирана од директорот на СУГС „Лазар Танев“, д-р Небојша Вуковиќ, кој ги претстави рецептите на посната и божиќната трпеза подготвени од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика и учениците на СУГС „Лазар Танев“. Божиќната гастрономска изложба беше подготвувана под мониторинг на д-р Вуковиќ, професори од СУГС и студент на трет циклус студии при ФТБЛ – Ѓорги Петковски. Презентацијата и дегустацијата во втората панел-сесија беше проследена со виолината на Далибор Стојановски, студент на ФТБЛ.

ФТБЛ успешно го поврзува образованието на секое ниво, со современите барања на економијата и општеството, бидејќи туристичката култура станува клучен дел во новата економија. Не постои сомнеж дека Европа е гастрономско и хотелиерско гнездо, а Македонија преку кадрите на Факултетот за туризам и бизнис логистика и националниот гастро-идентитет има капацитет да биде успешна приказна во овој мозаик.