Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студентите на УГД се вклучија во одбележување на Неделата на борба против глауком – бесплатно мереа очен притисок и диоптрија

Споделете
Факултетот за медицински науки при УГД, насока Оптометрија и очна оптика, се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против глауком.
Студентите од оваа насока бесплатно мереа глауком (очен притисок) и диоптрија за сите заинтересирани граѓани. Оваа акција се одвиваше на две локации – во фоајето на Правниот факултет, како и во кабинетот за Оптометрија и очна оптика на Факултетот за медицински науки.
Глаукомот е сериозна болест, втора причина за слепило, прва е катарактата. Од тој аспект, добро е што ние се вклучуваме во оваа акција за одбележување на Неделата на борба против глаукомот. Всушност, добро би било и повеќе пати да се организира бесплатно мерење за да навреме се откријат и третираат случаите на глауком. На овие мерења обично околу 15 % од случаите се покажува како веќе да имаат глауком, што покажува дека е потребна поголема грижа за граѓаните и почеста контролаизјави проф. д-р Страхил Газепов од Факултетот за медицински науки.
Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека вклученоста на студентите во овој настан покажува дека УГД се вклучува и во едукативниот, како и во практичниот дел од образовниот процес за студентите, а уште позначајно е што се вклучени и специјализанти, доктори кои излегле од УГД. Поддршка за настанот дојде и од доц. д-р Ирина Богданова од Клиниката за очни болести – Скопје, која истакна дека Неделата на глауком се одбележуваше во повеќе градови, а во Штип е практично завршницата на активностите.
Сѐ повеќе се зголемува бројот на заболени од глауком и затоа алармираме на појавата на оваа болест, границата е поместена, ако порано се појавуваше кај граѓани од 50-60 години, сега се појавува и кај 40–50-годишницитеизјави Богданова.