Search

Фондацијата „Конрад Аденауер“ објави Повик за стипендии за студенти и докторанди

Споделете

Фондацијата „Конрад Аденауер“ го објави новиот Повик за стипендии, наменет за студенти на додипломски студии (последни семестри), магистерски и докторски студии кои се запишани на акредитирани универзитети во Република Северна Македонија.

Програмата е наменета за млади и талентирани студенти кои, покрај солидни академски резултати, покажуваат интерес и активен ангажман во политичкиот и/или општествениот живот, како и посветеност кон демохристијанските вредности. Целта на програмата е да идентификува и да поддржи поединци со потенцијал за понатамошно вклучување и успех во различни општествени сфери, вклучувајќи ги политиката, бизнисот, науката, медиумите, културата и граѓанскиот сектор.

Фондацијата „Конрад Аденауер“ е политичка фондација водена од принципите на првиот федерален канцелар на Германија. Таа оперира со два образовни центри и 21 образовна институција во Германија, а на глобално ниво имплементира над 200 проекти во повеќе од 120 земји.

Критериуми за аплицирање

Кандидатите за стипендијата треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да бидат прифатени на студии на еден од акредитираните универзитети во Република Северна Македонија;
  • да имаат солидни академски резултати;
  • да познаваат најмалку еден странски јазик;
  • да бидат активни во општествениот и/или политичкиот живот;
  • да покажат подготвеност за позитивно влијание врз политичкиот, економскиот, образовниот или општествениот развој на земјата;
  • да поседуваат потенцијал за достигнување на високи позиции во својата идна кариера.

 

Потребни документи

За аплицирање потребно е да се достават следниве документи:

  • формулар за апликација (достапен на веб-страницата на фондацијата);
  • кратка биографија на англиски или германски јазик;
  • мотивациско писмо на англиски или германски јазик;
  • две препораки, од кои најмалку една од универзитетски професор;
  • уверение за завршени додипломски студии (за кандидати на магистерски студии);
  • потврда за упис на соодветните студии (може да се достави дополнително).

 

Само селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју во Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Рок и начин на аплицирање

Апликациите може да се достават по пошта, електронски или лично на следнава адреса:

Фондација „Конрад Аденауер“

Ул. „Ристо Равановски“ 8

МК-1000 Скопје

Е-пошта: skopje@kas.de

Крајниот рок за доставување на апликациите е 2 февруари 2026 година. Апликациите пристигнати по овој рок нема да бидат земени предвид.

Дополнителни информации, како и формуларот за апликација, се достапни на официјалната веб-страница на Фондацијата „Конрад Аденауер“.