Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја започнува прославата по повод 19 години од своето основање. Одбележувањето ќе се одвива во текот на следната недела и ќе вклучува низа настани за студентите, средношколците и пошироката јавност.
Првиот настан е целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, кој ќе се одржи во вторник, 24 март 2026 година, во Мултимедијалниот центар на УГД.
На 26 март следува традиционалната Oраторска вечер, каде што студенти и средношколци ќе ги презентираат своите говори. Настанот ќе започне во 19 часот во Мултимедијалниот центар на Универзитетот.
Свечената прослава на јубилејот ќе се одржи на 27 март во 11 часот, исто така во Мултимедијалниот центар, каде што ќе се одржи Свечена академија за сите учесници и гости.
Одбележувањето ќе заврши со Промоција на доктори на науки, закажана за 30 март во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“, со почеток во 11 часот.
Сите заинтересирани се поканети да присуствуваат и да ја прослават заедно оваа значајна годишнина на Универзитетот.



