Search
|     contact@ugd.edu.mk

Денови на млади истражувачи на Земјоделски факултет

Споделете

Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип од 8 до 10 ноември организира „Денови на млади истражувачи“. Во рамките на настанот се предвидени работилница, студентска конференција, како и бројни настани кои ќе овозможат вмрежување на младите истражувачи од регионот.

Ќе ни биде особено драго доколку бидете дел од овој настан и со вашето присуство и учество да ја постигнеме нашата цел, размена на знаење, искуство, резултати од истражувања на студентите, но и да го отвориме патот по кој студентите ќе продолжат да чекорат и својата иднина ќе ја пронајдат во една од можностите што ги нуди агробизнис секторот, велат од Земјоделскиот факултет.