Search
|     contact@ugd.edu.mk

ФОН домаќин на средба меѓу уредници на списанија за образование

Споделете

Уредници на списанија за воспитание и образование од Србија, Босна, Хрватска и Македонија следната недела ќе остварат заедничка средба и неколку предавања на Факултетот за образовни науки на УГД. Во понеделник ќе има претставување на превод на книга на професор Слаѓана Зуковиќ (Советодавна работа во воспитно-образовните институции теориски и практични аспекти превод на книгата проф. д-р Соња Петровска и доц. д-р Јадранка Рунчева).

Во вторник 31 октомври проф. д-р Јасна Кудек-Мирошевиќ и доц. д-р Златко Буквиќ ќе одржат две предавања на Факултет за образовни науки. Предавањата се на тема „Педагошко-дидактички пристапи кон инклузивното воспитание и образование и стручна поддршка во образовната инклузија на децата со попреченост“.