Search
|     contact@ugd.edu.mk

Предавање и презентација на книга „Северна Македонија: природа, екскурзии и култура“

Споделете

По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет заедно со Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ организираат гостинско предавање и презентација на книга-водич за Северна Македонија со наслов „Зборовите на одржливоста во водичот ‛Северна Македонија: природа, екскурзии и култура‛“.

Гостин-предавач е г. Алесио Ликуори, автор и поранешен заменик-амбасадор на Р. Италија во Македонија. Ќе се вклучи и г. Алберто Ости, италијански издавач.
Настанот ќе се одржи на 25.10.2023 г. (среда) во 11:00 ч. во Тренинг-центарот на УГД. Настанот е во знакот на одржливоста како клучна тема на овогодишното XXIII издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот. За време на настанот ќе има обезбедено толкувач од италијански на македонски јазик.