Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студентите учат од бизнисот: Успешни бизнисмени ќе одржат предавања за студентите на УГД

Споделете

УГД заедно со Стопанската комора на Македонија организираат серија настани, каде што еминентни бизнисмени или менаџери на компании ќе одржат предавања пред заинтересираните студенти.

Првото предавање од овој серијал предавања е во четврток (11 април 2024 г.) од 12.00 ч., од страна на м-р Анатол Кутревски, директор на компанијата „Пекабеско“.

Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Правниот факултет, а присуството е слободно за сите заинтересирани студенти и млади луѓе.

М-р Анатол Кутревски е роден во 1981 година во Скопје. Има завршено Бизнис администрација на Американскиот колеџ во Солун во 2004 година, додека со титулата магистер се стекнува на Универзитетот „Охајо“ во САД во 2005 година.

Од 2008 година работи како втор извршен директор на „Пекабеско“ АД. Од дополнително образование, учествувал во Келог – Програма за извршни директори на Универзитетот „Нортвестерн“ во 2018 година, организирана од „Македонија 2025“. Кутревски е  член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, за мандатниот период 2020-2025.