Search
|     contact@ugd.edu.mk

Партнерите од проектот „NEWAVES“ од Португалија, Словачка, Хрватска и Македонија работеа во Штип

Споделете

Дводневниот состанок на партнерите учесници во проектот „NEWAVES“ во Штип беше искористен за размена на информации за развојот на проектот, за да се идентификува неговиот статус и да се препознае потенцијалниот недостаток на време во производството на некои од испораките.

На првата работна сесија на учесниците им беше даден преглед на целокупниот развоен статус на проектот и на роковите при финализирање. Ова се однесува на развој на платформата, превод на содржината на платформата, протокол за валидација, како и почетокот на Работниот пакет 3.

Од аспект на Програмата за обука на медиумскиот сектор, во следниот месец (април) ќе се дефинираат модулите за обуките кои ќе им се нудат на претставниците од локалните медиуми во четирите држави.

Врз основа на наодите во Извештајот на Benchmark и мислењето на експертите на конзорциумот беше одлучено дека дефинираните теми на е-курсот се следните:

а. Дигитални вештини;

б. Етика и право;

в. Претприемништво;

г. Маркетинг и комуникација.

Во рамките на активностите на состанокот во Штип беше организирана и посета на  Радио „Канал 77“.

Еден од најзначајните продукти на проектот „NEWAVES“ е платформата која на локалните радија ќе им нуди медиумски содржини. Се очекува фазата на тестирање на платформата да започне во јули 2024 година.

Со состанокот во Штип се заокружи една фаза од активностите на проектот, а следниот состанок ќе се реализира во Тренчин, Словачка, во ноември 2024 г.