Search
|     contact@ugd.edu.mk

Презентација на проектот „Newawes“ во локалните радија

Проектот „Newawes“, кој Универзитетот „Гоце Делчев“ го реализира со партнерски универзитети и локални медиуми од Португалија, Словачка и Хрватска...
Споделете

Проектот „Newawes“, кој Универзитетот „Гоце Делчев“ го реализира со партнерски универзитети и локални медиуми од Португалија, Словачка и Хрватска, е веќе во фаза на изработка на Валидациски протокол, врз основа на кој ќе биде креирана платформа која на локалните радија ќе им понуди квалитетни, автентични и проверени содржини.

Со оглед на тоа дека крајни корисници на платформата ќе бидат токму локалните радија, претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ беа во посета на локалното радио „Радио Кочани“. Тоа е и едно од радијата кои учествуваа во анкетата за состојбите и потребите на локалните медиуми. Со колегите беше разговарано за целите и фазата во која е проектот, можностите што ќе ги понуди и за состојбите во кои се наоѓаат медиумите, и како може да им се помогне да ги надминуваат проблемите, но и да се приспособат на промените што ги носи технолошкиот развој.

Токму технолошкиот развој на некој начин отвори огромни можности за пласирање на дезинформации и непроверени вести, па од тој аспект токму платформата што ќе произлезе од проектот „Newawes“ ќе биде алатка која ќе го понуди токму спротивното – проверени, автентични и квалитетни медиумски содржини.

УГД дел од проект наменет на подобрување на состојбите во локалните радија