Search
|     contact@ugd.edu.mk

Трети места за студентот Никола Алексов од ФМН на 10 км и за женската екипа на УГД на 5 км на Кавадаречкиот полумаратон

Споделете

Традицијата на учество на рекреативците од Универзитетот „Гоце Делчев“ на спортските трки и полумаратоните во Македонија продолжува и годинава. Првиот настап рекреативците го имаа на Кавадаречкиот полумаратон, кој се одржа во недела, 10 март 2024 година. Овој настан најави и успешна година за настапите на студентите и вработените на УГД на спортските настани, со оглед на тоа што е постигнат најдобриот резултат досега – студентот на втор циклус студии на Факултетот за медицински науки, Никола Алексов, го освои третото место на трката на 10 километри.

Одличен резултат постигнаа и жените претставнички на УГД, кои во екипна конкуренција се пласираа на третото место на трката на 5 километри.

Ова е најава на многуте активности кои и оваа година ќе ги организира Универзитетскиот спортски и културен центар и на кои секоја година учеството и на вработени, а уште повеќе и на студенти е сѐ помасовно.